Гаши, Села и Мухиќ тврдат дека гласале за законот, системот не ги регистрирал

Гаши, Села и Мухиќ тврдат дека гласале за законот, системот не ги регистрирал

Африм Гаши, Зијадин Села и Ферид Мухиќ гласале за законот за јазиците. Пратениците  изјавија дека на вчерашната седница го стиснале зеленото копче и дале глас за усвојување на законот. Нивните гласови не се избројани во 64-те гласа со кои се изгласа законот. 

Законот за јазиците вчера попладне беше изгласан со 64 гласа „за“, ниту еден „против“ ниту „воздржан“. Во салата присутни беа 109 пратеници. Гласањето првин се одвиваше преку електронскиот систем на Собранието, но кога пратеникот Никола Груевски истури вода врз системот за гласање на претседателот Талат Џафери, пратениците од немнозинските заедници беа принудени да гласаат со кревање рака.

Треба да знаете
Последни објави