По официјалната церемонија на примопредавање на претседателската функција, Стево Пендаровски го испрати неговиот претходник Ѓорге Иванов од претседателската вила на Водно. Двајцата претседатели се ракуваа и имаа средба на која Пендаровски се запозна со членовите на новиот кабинет, каде ќе ја извршува функцијата во наредните пет години.
Во меѓувреме на Вилата на Водно на средби ќе пристигне и бугарскиот претседател Румен Радев, а планирана е и средба со претседателот на Република Албанија, Илир Мета. Претходно Пендаровски имаше средба и со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, додека со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи не успеал да оствари средба поради набиената агенда.
Новиот претседател на државата ќе има билатерални средби и со министерот за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, со заменик министерот за надворешни на Република Турција, Фарук Кајмакчи, како и со државниот потсекретар во МНР на Република Полска, Пјотр Вавжик.
Иванов ја искористи законската можност на претседателска пензија и доживотно ќе има на располагање кабинет, обезбедување и службено возило.