Уапсен поранешниот директор на СОЗР
Финансиската полиција го привела Васе Доневски поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на РМ (СОЗР), објавија вечерва дел од медиумите.
Повикувајќи се на извори од Управата за финансиска полиција наведуваат дека Доневски е приведен и е на распит поради сомнежи за злоупотреба на службената положба за времето додека бил директор на службата.
Од Управата за финансиска полиција и од МВР засега нема потврда за приведувањето поранешниот директор на СОЗР.
Од Управата за утре најавуваат прес-конференција на директорот Арафат Муареми, на која тој ќе информира за предмет кој се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на поранешен функционер.