Зошто е добро да се истегнете наутро после будење?

Истегнувањето наутро после будење, за многумина е првата работа која ја прават наутро, некои дури го прават тоа пред да ги отворат очите. Истегнувањето за многу е инстиктивна реакција, но за оние кои ова не го практикуваат, научниците препорачуваат да го воведат во својата рутина.

 

Истегнувањето нуди добро чувство после будење, а вистинска штета е да не си дозволиме добар почеток на денот.

После повеќе часа лежење во повеќе или помалку иста положба, истегнувањето на рацете над глава, дури и во кревет, навистина е одличен начин за будење и поттикнување на циркулацијата.

Научникот Луис Вилазон има свој интересен став за оваа тема, кој  го објаснил во интервју за онлајн изданието на „BBC Focus“ магазинот.

„Во текот на спиењето мускулите се опуштени и течноста се собира во пределот на грбот. Со истегнување, таа се враќа во „нормална“ положба“, вели Луис.

Истегнувањето после будење го намалува и стресот, а одличен начин е за поттикнувањето на циркулацијата и подготовка за нов ден.

Би требало и да избегнувате веднаш после будење, забрзано да се подготвувате, бидејќи на тој начин секој нов ден го почнувате со стрес, а со истегнување уште во кревет, ќе овозможите да се ослободите од стресот и полесно да тргнете во новите дневни обврски кои се пред вас.

 

 

Треба да знаете
Последни објави