Помилуван затвореник од Идризово тргнал да краде – заспал под каса додека „пиштел” аларм
Крадец кој и бил познат на скопската полиција, а имал издржано и затворски казни, се вратил на стариот занает. Тој ноќта вторникот кон средата се обидел да ограби месарница во Расадник во Кисела Вода, пренесе Република.
Тој влегол и заспал под касата, веројатно под дејство на алкохол, па ни аларм не успеал да го разбуди.
Патролата од агенцијата која го обезбедува објектот го пронашла крадецот како спие до касата, по што случајот го преземала скопската полиција, на која крадецот и бил познат.
Во јануари годинава, тој бил помилуван и пуштен на слобода.