12 хороскопски знаци – 12 секс фантазии

12 хороскопски знаци – 12 секс фантазии

Овен жена: како кардинален знак жената овен е далеку од срамежлива дама. Таа е во центарот на секоја ситуација и има тенденција да доминира. Ова е жена која секогаш знае што сака и мрази изговори од типот на „чекај да се префрлиме на задното седиште“ или пак „потивко моите се во другата соба“. Овенот сака сега и тука!

Овен маж: маж кој влегува во клубот и веднаш завршувате со него. Зборува брзо и дејствува брзо. Овните се вистински ловци, но почнуваат да паничат кога жената од жртва ќе се претвори во ловец. Тогаш го губат интересот и веднаш се повлекуваат. Не сакаат кога жената им врши било каков притисок.

Ерогена зона: лицето и главата

Омилена секс фантазија: случајно да се сретнат со некого и да завршат заедно во кревет.

Бик жена: иако е припадничка на понежниот пол таа сепак е под дејство на бикот кој е познат по својата способност за парење и моќната сексуална енергија. Таа е сензуална, полна со страст и умее да слуша. Сака кога нејзиниот маж испушта звуци за време на сексот, но ако случајно изговорите име на друга жена додека водите љубов со неа, тешко вас.

Бик маж: ако ви се допаѓа овој маж она што треба да го направите е да го допирате по телото. Дозволете му и тој да ве допира вас. Знајте дека бикот сака средени жени, па погрижете се вашата кожа да биде нежна на допир.

Ерогена зона: вратот и брадавиците

Омилена секс фантазија: цицање и грицкање на кожата

Близнаци жена: сака маж кој знае да флертува. Има мошне развиен нервен систем и забележува буквално сè. Ужива кога нештата се по нејзино и преферира брз секс.

Близнаци маж: изгледа како да не старее па затоа бара млади девојки. Обожава да флертува и се возбудува на слики и убав изглед. Јадат со очи, ја користат устата, но и рацете, па обичниот секс ретко ги задоволува.

Ерогена зона: раце и рамена

Омилена секс фантазија: движете ги своите раце по неговото тело или пак земете ги неговите и движете ги по своето тело.

Рак жена: како ракот така и припадничките на овој знак никогаш не му приоѓаат на мажот директно. Изгледаат срамежливо и ранливо, но откако ќе се опуштат дозволуваат емоцијата целосно да ги поведе. Сакаат интимни пози во кои може да се милуваат со партнерот.

Рак маж: машките ракови имаат потреба од многу внимание и нежност пред да преминат на сексот. Емоционално се темпераментни, па неопходно е да се чувствуваат комфорно и сигурно онаму каде што ќе водат љубов.

Ерогена зона: граден кош и стомак

Омилена секс фантазија: откачен секс во кујна

Лав жена: лавот е знак кај кој жените се исто толку храбри како и мажите. Тие се гласни и многу самоуверени во спалната соба. Сакаат целото внимание да е свртено кон нив, уживаат во секс игри и невообичаени пози.

Лав маж: мажите од овој знак често се мрзеливи во креветот. Затоа бараат специфичен тип на жени кои ќе бидат поактивни од нив. Во најголем број случаи станува збор за згодни и силни љубовници кои заспиваат после сексот.

Ерогена зона: областа околу срцето

Омилена секс фантазија: кучешка поза во која ве влече за коса или секс пред огледало

Девица жена: таинствена жена за која никогаш не знаете онолку колку што би сакале да знаете. Сака чистотија и се фокусира на детали. Оди од крајност во крајност, од пристојност до најразлични лудости во креветот.

Девица маж: обично бара две сосема поинакви жени. Едната е мила и фина, а другата е вистинска дама на ноќта. Ако сте подготвени преку ден да бидете пристојна сопруга, а навечер жешка љубовница, ова е мажот за вас.

Ерогена зона: задникот

Омилена секс фантазија: секс под туш

Вага жена: нека не ве излаже нежниот изглед на лицето бидејќи оваа жена сака да доминира во спалната и да ви покаже што знае. Посакува маж кој добро котира во социјалните кругови и кој може да и ги исполни сите барања.

Вага маж: ужива да игра најразлични улоги во креветот. Се облекува убаво и се грижи за својата хигиена, па секогаш имате маж кој е среден од глава до пети. Понекогаш има чудни барања, но со текот на времето ќе се навикнете на нив.

Ерогена зона: долниот дел од грбот

Омилена секс фантазија: жените да наредуваат, а мажите да им биде наредувано во кревет.

Скорпија жена: лови специфично така што бара партнер кој ќе ги задоволи нејзините сексуални желби и не го троши времето на бесполезни врски. Оваа мистична жена е мошне сензитивна, па доколку ги повредите нејзините чувства ќе треба да се соочите со нејзиниот гнев.

Скорпија маж: неговата харизма ги привлекува жените како магнет. Овие мажи паѓаат на добар парфем. Сакаат да користат секс играчки и мошне сериозно му пристапуваат на сексот. За нив тоа е сериозна работа, а не само обично задоволување страсти.

Ерогена зона: пенисот и вагината

Омилена секс фантазија: употреба на секс играчки, камшици и лубриканти.

 

Стрелец жена: заборавете дека ќе имате класичен секс. Со стрелецот ќе бидат испробани различни пози и водењето љубов ќе трае со часови. Таа има огромен сексуален апетит кој треба да биде задоволен, па затоа најчесто бара партнер кој е вистински спортист во креветот.

Стрелец маж: неговиот немирен поглед ја забележува секоја жена која му е во близина. Преферира повеќе отколку помалку, па тешко му е постојано да биде со една жена. Секогаш мисли на секс и ретко се задоволува.

Ерогена зона: бутините и задникот

Омилена секс фантазија: играње перверзна верзија на Вистина или предизвик


Јарец жена:
 на изглед конзервативна, а под чаршафите вистински жар. Овие жени оставаат впечаток дека се недопирливи, но тоа го прават со цел да им се доближат оние мажи кои навистина имаат храброст да го направат тоа.

Јарец маж: моќен, богат, самоуверен, но не толку одличен во креветот, сè додека не го натерате убаво да се опушти. Тогаш станува страсен љубовник кој ќе ви ги исполни фантазиите.

Ерогена зона: колената

Омилена секс фантазија: да води љубов додека му седите во скут

Водолија жена: овие жени  имаат помалку чудни партнери. Сакаат невообичаени нешта, кои се спонтани и не ретко непромислени. Подготвени се за авантура во секое време. Нема да размислат два пати ако треба да изневерат.

Водолија маж: егзибиционист кој со задоволство би се впуштил во секс во тројка или пак нешто пооткачено. Сака да се забавува, лесно менува партнерки, љубител на жени и луди секс игри.

Ерогена зона: бутини и глуждови

Омилена секс фантазија: луд секс на некое откачено место каде што ќе биде фатен на дело.

Риби жена: ако имате дарба за убедување лесно може да ја намамите оваа риба на секс. Лесно потпаѓаат под влијание и се воодушевуваат на романтични гестови. Но, внимавајте! Со нив никогаш не постапувајте грубо.

Риба маж: шармери кои знаат како да се постават во секоја ситуација. Откако ќе го добијат тоа што го сакаат имаат навика да исчезнат. Или ги сакате или ги мразите, но кога сте со нив не можете да одолеете.

Ерогена зона: стапала

Омилена секс фантазија: секс на отворено, по можност некаде на плажа

Треба да знаете
Последни објави