На 11.05.2019 година во 22,00 часот во Полициската станица Крушево, Б.Ј. (47) од Крушево, шумски полицаец во ШПС-Крушево, пријавил кривично дело – “загрозување на сигурноста“. Според пријавата, истиот ден околу 17,50 часот пријавителот бил излезен на терен во атар на село Локвени, каде се случувала кражба на огревни дрва.
Откако со службеното возило се упатил кон манастирот „Св.Атанасие“, забележал трактор кој бил во движење, а на тракторот биле две лица. Движејќи се по патот, наишол на патничко возило „Застава 101“ без регистарски таблички, до кое имало околу половина кубни метри нежигосани дабови огревни дрва. Во истиот момент позади него пристигнал тракторот со двете лица, кои почнале да му упатуваат закани и навреди, по што се симнале од тракторот, земале по едно од исечените дрва кои биле покрај возилото и почнале да му се закануваат дека ќе го нападнат. Притоа едно од лицата го удrило со дрво по градите. Пријавителот бил принуден да се повлече по што заминал кон Локвени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.