
Села: Не се враќаме во Владата во вакви околности, но во политиката не постои не
Зијадин Села во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека не верува дека во вакви околности ќе има шанса за влез на Алијанската на Албанците во Владата, но додава дека во политиката нема „не“.
-Не верувам дека таква шанса ќе има, бидејќи се работи за достоинство. Никогаш не сме дозволиле некој да се игра со нас, нема да дозволиме тоа пак да се случи. По политиката никогаш не постои – НЕ, но од друга страна во вакви околности не, вели Села.



