Градоначалникот Петре Шилегов ќе вработи осум лица во неговиот тим.
Дел од вработувањата веќе се одобрени од Советот на седница пред истекот на ланската година, но, во образложението за денешната седница е наведено дека во меѓувреме, се јавила потреба од измени и дополнувања на планот во делот кај новите вработувања.
Во Секторот за поддршка на градоначалникот ќе се вработат 8 нови лица, меѓу кои и советник за меѓуетнички односи, позиција која досега ја немало.
Во кабинетот на градоначалникот предвидено е вработување на раководител на одделение за односи со јавноста и информации за граѓаните, раководител на сектор за поддршка на градоначалник, помошник раководител на сектор за поддршка на градоначалник, раководител на одделение за координација на активностите на градоначалникот, помошник раководител на сектор за поддршка на градоначалникот,помлад соработник за организација на активностите на градоначалникот и виш соработник за координација на активностите на градоначалникот.
Поради, пак, недостаток од пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита, градоначалник предлага да се вработат вкупно 60 пожарникари, годинава 50, а в година уште 10 нови.
Тогаш е предвидено и проширување на администрација за 48 нови лица, од нив неколку ревизори и комунални инспектори.