Хорор во Македонија: Мајка и ќерка излегле на прошетка, па пронашле труп
Вчера 65-годишната М.Д.од Гевгелија пријавила дека истиот ден околу 13 часот и 30 минути додека пешачела со нејзината пријателка до чешмата викана „Долна Чешма“ во селото Хума-гевгелиско забележале починато лице.
На местото на настанот излегла увидна екипа од Полициска станица Гевгелија и било утврдено дека починатиот бил 67-годишниот С.П. од Гевгелија.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош од Гевгелија била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.