Жбогар: Законот за јазици треба да стапи на сила поскоро
Евроамбасадорот Самуел Жбогар очекува дека законот за јазиците ќе стапи на сила наскоро, со што како што нагласи, ќе му се даде простор на Собранието да се фокусира на европската агенда. Во ова насока е и надежта дека почетокот на неговата имплементација ќе биде проследено со целосно почитување на европските стандарди но и дијалог со сите чинители во општеството, вклучувајќи ја и мнозинската заедница. Јас разбирам дека за Албанците овој закон е важен затоа што со неговото усвојување тие се чувствуваат ценети и прифатени во општеството, вели Жбогар.
Според него, кога правата на една немнозинска заедница се унапредуваат тоа не би требало да им пречи или да се вмешува со правата на мнозинската заедница.
Законот за јазиците, односно изјавата на францускиот амбасадор Тимоние дека начинот на кој што беше донесен може да влијае врз безусловната препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ беше причина вицепремиерот Османи да му се обрати на амбасадорот преју фејсбук. Ве сметам за пријател на Македонија и сите ваши забелешки се резулат на добронамерност, вели Османи.
Се согласува со Тимоние дека атмосферата во која бил изгласан законот не доликува на демократска дебата, но како аргумент ги посочува напорите за аргументирана дебата кои со месеци биле игнорирани.
Преку социјалните мрежи, во случајов преку твитер веднаш му одговори франскускиот амбасадор Тимоние
„Ви благодарам , господине Вицепремиер за Вашиот искрен и аргументиран одговор на француски, кој ме допре многу.Секогаш сметајте на поддршката од Франција на вашиот пат до Брисел.Со сите мои желби за една демократска и мирна дебата.“
Веднаш по изгласувањето на законот за јазиците Тимоние реагираше дека ситуацијата во која бил изгласан законот не било глетка на еден парламент на европска држава, бидејќи немало цивилизирана дискусија за теми од интерес на граѓаните.