Началничка од УБК што бришела податоци за прислушувањето по налог на Грујовски вработена во Оне.Вип
Елена Џиланова поранешна началничка на Единица за телекомуникации при Одделот за оперативно техничка поддршка на операции во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, откако ги избришала трагите за прислушувањето по налог на Горан Грујевски од серверите на Т-мобиле, ВИП и ОНЕ „успеала“ да се вработи во мобилниот оператор ОНЕВИП, а за тоа што го направила поминала само со условна казна на суд. Џиланова, според судската пресуда, сега работи како постар специјалист во СОКС и ИЦС Компетенс центар во ОНЕ.ВИП ДООЕЛ Скопје.
Со признавањето на вина, Џиланова, како обвинета во предметот „Таргет“ добила условна 6 месечна казна затвор, која нема да се изврши доколку осудената во наредните две години не стори ново кривично дело. Позицијата на која сега работи екс началничката на тајната полицаја во Оне.Вип ја споделила и на нејзин профил на социјалните мрежи.
Целосно текстот да може да го прочитате ТУКА
Извор: Сведок