Во Драмски театар во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде одиграна претставата “Секс, дрога и рок ен рол” на авторот Ерик Богосјан, во режија на Ристе Алексовски, а во оваа монодрама, глуми Сашо Тасевски.
“Претставата не се занимава со тоа кој и како е виновен за распадот на идеалите, туку со прашањето зошто. Зошто се повеќе и повеќе тонеме во сопствениот комфорт, оставени да чекаме на доаѓањето на нештото, иако ниту знаеме што чекаме, ниту што е тоа што ќе дојде. Мала приказна за еден човек во 7 ставови”, вели режисерот Алексовски.
За музиката се одговорни Пуппетологѕ.