Семеен пријател им ја злоупотребувал малолетната ќерка

Жена од Делчево пријавила дека додека со сопругот биле отсутни, а нивните две деца останале во домот, дошол нивен семеен пријател кој го злоупотребил девојчето.

Жената раскажала дека кога таа и сопругот се вратиле дома синот им рекол дека неговата сестра му раскажала како семејниот пријател ја допирал по телото и притоа ѝ рекол да не кажува никому.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево. Лицето е повикано и задржано во Полициската станица. Против него ќе биде поднесена кривична пријава и во текот на денот ќе биде изнесен пред судот во Кочани.

Треба да знаете
Последни објави