Владата јавно ќе соопшти колку потрошиле функционерите за шест месеци
Владата на прес-конференција јавно ќе соопшти колку потрошиле носителите на јавни функции за време на нивниот шестмесечен мандат.
„На денешната 60. редовна седница Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои информацијата за реализацијата на владината одлука од 42. седница, со која ги задолжи министрите, заменик-министрите, државните секретари, генералниот секретар и претседателот на Владата да достават информации за службените трошоци направени во првите шест месеци од преземањето на функциите, поточно од јуни до ноември 2017 година“, сооопшти владината прес-служба.
Од таму додаваат дека целосниот увид во овие трошоци јавноста ќе го има преку алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции, која ќе биде презентирана на прес-конференција.