Притвор за делчевецот кој изврши полов напад врз малолетничка
Причините за притворот се што станува збор за дело за кое е пропишана казна од најмалку 12 години затвор, како и опасноста од бегство и можноста да влијае на сведоците и вештаците со што ќе ја попречи кривичната постапка.
46-годишниот делчевец се сомничи за делото полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
„Осомничениот на 16 март 2018 околу 20 часот дошол во посета на своите соседи, во време кога родителите не биле присутни во домот. Искористувајќи го претходното познанство и соседски однос со семејството, како и момент кога девојчето останало само со него во просторијата, осомничениот со намера да ги задоволи своите полови страсти, извршил полово дејствие над оштетеното девојче заканувајќи ѝ се да не кажува за настанот“, соопштија од обвинителство.