Инспекторот што крадел злато од куќа додека траел увид е осуден на 6 месеци затвор. Основниот суд Скопје 1 ја објави пресудата откако тој ја признал вината. Според судот, инспектор И.Ж. е осуден на казна затвор во траење од 6 месеци, а согласно со член 114 ст. 2 од ЗКП, се задолжува да го надомести имотно-правното побарување на оштетената.
Кражбата била извршена на 28 октомври минатата година во Скопје. Случајот го обелодени полицијата на 4 ноември, кога беше поднесена кривична пријава против него.
Ж.И. е вработен како главен инспектор во Секторот за внатрешни работи Скопје. Тој искористувајќи ја својата службена позиција во тек на увид во случај на тешка кражба во куќа одзел златен накит. Полицијата против него покрена дисциплинска постапка и е суспендиран од работното место.