Бошњаковски: Оставката на Саљији е личен чин и нема да влијае на реформите
Судската власт е независна и таква треба да остане, а на реформите на правосудството оставката на сега веќе поранешниот министер за правда Билен Саљији нема да влијае, бидејќи во ниту еден момент ништо нема да биде закочено, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција во Владата, одговарајќи на новинарско прашање дали вчерашната оставка што ја поднесе Саљији ќе има влијание врз реформите на правосудството.
Бошњаковски нагласи дека оставката на Саљији, како што тој самиот кажа е „негов личен чин, бидејќи чувствува морална одговорност за губење на довербата во однос на одредени делови на реформите на правосудствотои за малиот Алмир“.
Бошњаковски не коментираше дали оставката на Саљији ќе ја забрза реконструкцијата на Владата што ја најави премиерот Заев.
На новинарско прашање Бошњаковски рече дека Законот за употреба на јазиците „ќе биде испратен до Венецијанската комисија веднаш кога ќе биде објавен во Службен весник“.