Полицијата бара помош за идентификација на маж пронајден мртов кај Башино Селo
СВР Велес денеска информира дека на 13 март, годинава, на ридот над автопатот Скопје – Велес, на оддалеченост од околу 2,5 км од црквата во Башино Село, било пронајдено тело на починато непознато машко лице.
Портпаролот на велешката полиција Верољуб Додевски, изјави дека бил извршени увид од страна на екипи од СВР Велес и Итна медицинска помош и се уште се работи на утврдување на неговиот идентитет.
– Станува збор за маж со височина од околу 170 сантиметри (крупен, челна келавост, со црна кратка коса, на нозете има гумени опинци, со црн комбинезон, темно сина блуза со хоризонтални шари и врз неа дуксер со темно-сина боја со сиви ракави која на преднниот дел има британско знаме и светло кафеава јакна), појасни Додевски.
Од СВР Велес апелираат до граѓаните кои го познавале починатото лице да се јават во полицијата и да дадат информации заради негова идентификација.