Германскиот Кил го совлада ПИК Сегед со 29:22 во првиот меч од осминафиналето на ракометната Лига на шампиони со што е поблиску до тоа да биде противник на Вардар во четврт-финалето.
По тесните 14:14 во првото полувреме, Кил беше убедливо подобар противник во второто полувреме за значајна победа со која реваншот на 1 април ќе го чека со поголем оптимизам.
Србинот Марко Вујин беше најдобар стрелец за Кил со осум голови, додека пет уфрли Словенецот Миха Зарабец. Кај гостите најефикасен беше Бенце Банхиди со пет голови.