Изгубено-најдено: На овие места може да ги побарате и пријавите изгубените предмети

Скопјани често, поради невнимание, остануваат без своите предмети, но можат постојано да имаат увид во оние кои полицијата ги наоѓа, службата “Изгубено-најдено” на ЈСП  како и на Фејсбук.

 

МВР – “Изгубени/ најдени предмети”

Целта на апликацијата на МВР е сите заинтересирани граѓани да може да проверат кои предмети се пронајдени и пријавени во полиција, без да одат постојано во станиците за да се информираат. Прегледот може да се прави според подрачјето на полициската станица каде што е изгубен или пронајден предметот и според категоријата на предметите. 

“Изгубено-најдено” на ЈСП

Службата “Изгубено-најдено” се наоѓа во населбата Автокоманда, на булеварот “Александар Македонски”, во рамките на Дирекцијата на ЈСП “Скопје”. Во депото во моментов, според информациите од Јавното претпријатие, има околу 60 пронајдени предмети. Од нив најмногу се паричници, документи, здравствени книшки, разни торби од пазар и слично. Откако граѓанинот ќе се јави на нашиот телефон 02/3122634 и ќе нè информира за предметот кој го изгубил, остава податоци и негов телефонски број за контакт. Ако, евентуално, предметот се пронајде, ние го информираме повратно. Потоа лицето доаѓа во службата ‘Изгубено-најдено’ и си го подига предметот. 

Се огласува и на Фејсбук

На Фејсбук постојат повеќе страници и групи на кои граѓаните огласуваат изгубени и пронајдени предмети и животни. И страниците функционираат одлично, затоа што луѓето меѓусебно си помагаат. Тука најмногу се бараат изгубени миленичиња, но и се информира за пронајдените. Се бараат и пронаоѓаат и клучеви, паричници, документи, велосипеди, ранци и мобилни телефони.

Треба да знаете
Последни објави