Словачка доби нов премиер

Словачкиот претседател, Андреј Киска, денеска го назначи Петер Пелегрини за нов словачки премиер. Словачката агенција „Tasr“ наведува дека Пелегрини исто како и неговиот претходник, Роберт Фицо, кој поднесе оставка претходно овој месец, припаѓа на партијата „Смер-Социјална демократија“.

Се наведува дека во рамките на реконструкцијата на владата, нов вицепремиер ќе биде Ричард Раши, а ќе има промена и на четири министерски места.

Словачкиот претседател Киска го прифати вториот предлог на Пелегрини за формирање на влада, откако првиот го отфрли во вторникот и даде рок до денес да се именуваат нови членови на кабинетот. Киска го повика Пелегрини да овозможи значајни промени во владата со цел да се смири политичката криза во земјата, која настана по убиството на новинарот Јан Кучијак и неговата свршеница.

Минатата недела, коалицијата од три партии под водство на премиерот Фицо поднесе оставка по масовните улични протести, организирани по убиството на новинарот и неговата свршеница, чие истражување навестуваше можна корупција во владата.

Треба да знаете
Последни објави