Се чека одлуката на Врховниот суд, откако пред два дена на јавна седница беа разгледани жалбите на 15- темина обвинети за собраниските настани од 27-ми април минатата година.
Беше побарано укинување на мерките притвор и куќен притвор, и изрекување поблаги казни. Според адвокатите на обвинетите, решенијата на Апелација се паушални, недоволно образложени и нема основи за влијание врз сведоци, поради тоа што истрагата е завршена.
Врховниот суд има рок од 48 часа да одлучи по жалбите на осомничените за настаните за 27 април, минатата година во Собранието на Република Македонијa.