Ранетите војници во стабилна состојба

Ранетите војници во стабилна состојба

Војниците кои утринава беа ранети во тетовската касарна по извршените медицински зафати се наоѓаат во стабилна состојба и не се во животна опасност, а по направените снимки во текот на денот се очекува да биде извршена и хируршка операција. 

Двајцата припадници на АРМ беа ранети од огнено оружје од невнимание додека вршеле чистење на автоматската пушка што е редовна процедура за одржување. 

Тие најпрво беа пренесени во тетовската општа болница, за по првичната интервенција да бидат испратени на клиничкиот центар во Скопје за целосно да им се санираат повредите. 

Треба да знаете
Последни објави