Груби: Пописот е законски прекинат

Груби: Пописот е законски прекинат

Пописот на населението во 2011-та година не е пропаднат, туку законски прекинат, изјави Артан Груби од ДУИ, реагирајќи на постапката на Специјалното јавно обвинителство кое отвори истрага за нереализираниот попис, во која се осомничени лидерот на ДУИ, Али Ахмети и екс-премиерот, Никола Груевски. Груби таа година беше член на Државната пописна комисија и директен учесник во случајот.

И поранешниот премиер вчера негираше одговорност за прекин на пописот.

Обвинителите на СЈО тврдат дека Ахмети и Груевски го прекинале пописот за да сокријат факти поради кои тогаш би можеле да ја изгубат власта.

Од СЈО сметаат дека, причините поради кои е предложено да престане да важи Законот за попис, се причини тој само да се одложи за да се подобрат законите по стандардите на Еуростат и да се обучат попишувачите и останатите учесници. Доколку се постапело така, парите кои се искористени за дотогашните обуки, техничката опрема и материјалите, немало да бидат залудно потрошени, односно би се искористиле во одложената пописна операција. Со тоа што пописот никогаш не се одржа, на буџетот му е нанесена штета од  2,6 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави