Сениорската фудбалска репрезентација в петок ќе го одигра првиот од предвидените два контролни натпревари. Македонските фудбалери од 17 часот на „Глорија арена“ во турски Белек ќе се соочат со селекцијата на Финска.
Контролните натпревари против Финска и Азербејџан стручниот штаб на репрезентацијата на чело со селекторот Игор Ангеловски ќе ги искористи како подготовка за настапот во Лигата на нации на УЕФА.
Поради тоа селекторот не експериментираше со составот и ги повика оние играчи што беа стандардни во репрезентацијата на претходните натпревари.
Македонија нема пораз на последните пет натпревари и против Финска ќе се обиде да ја продожи успешната серија.
На последното рангирање од страна на ФИФА, Македонија е на 75., а Финска е нешто понапред, на 68.место на ФИФА-листата.
Натпреварот во Белек ќе почне во 17 часот. По дуелот со Финска, Макеоднија ќе игра и против Азербејџан на 27 март.