Паѓа цената на становите во Скопје

Просечната цена  на метар квадратен станбена површина во 2017 година изнесувала 41.822 денари, што е за 2,9  проценти помалку во однос на 2016, објави денеска Државниот завод за статистика.

 

Во Скопје просечната цена на метар квадратен лани изнесувала 43.710 денари, што е за 14 проценти помалку во споредба со 2016 година, а во останатите населени места во Македонија 32.001 денар, што е за 2,2  проценти помалку во споредба со 2016.

Во втората половина од минатата година просечната цена на метар квадратен стан  е намалена за 6,2  проценти во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 4,8 проценти.
 
Наведените просечни цени се без Данок на додадена вредност.

Треба да знаете
Последни објави