Триесетгодишен маж од Гази Баба пријавил дека вчера од паркинг на улица „808“ му било одземено возило од марката „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, во кое имало лични документи и 12.000 денари.
Сторителот го искористил невниманието на пријавителот и со клучевите кои биле оставени во бравата го стартувал возилото и заминал во непознат правец.
На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 280.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото, на сторителот и за целосно расчитување на случајот.