Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на 1 м2 станбена површина во 2017 година изнесуваше 41 822 денари, што е за 2.9 % помалку во однос на 2016.
Во Скопје просечната цена на 1 м2 изнесуваше 43 710 денари, што е за 14. 0% помалку во споредба со 2016 година, додека во останатите населени места во државата таа изнесуваше 32 001 денари, што е за 2.2 % помалку во споредба со 2016.
Што се однесува до просечната цена на 1 м2 во второто полугодие од 2017 година, таа е намалена за 6.2 % во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 4.8 %.
Наведените просечни цени на 1 м2 станбена површина се без данок на додадена вредност.