Во пожар во Русија исчезнало цело одделение! Девојче пратило страшна порака: Во оган сме! Ова е моето последно “збогум”

Спасувачките служби ја продолжуваат потрагата по исчезнатите во трговскиот центар Кемерово, во кој вчера избил голем пожар.

Потврдена е смртта на 53 лица, а меѓу жртвите има и 11 деца. 

Според последните информации, 16 луѓе се сметаат за исчезнати, но шансите некој од нив да преживеал се многу мали.

Во пожарот биле повредени 48 луѓе, а 12 од нив биле задржани во болница на лечење.

Се стравува дека во пожарот настрадало речиси цело одделение од основно училиште. Осум деца со наставничката биле на посета во Кемерово, а во трговскиот центар гледале цртан филм. Некои локални медиуми наведуваат дека наставничката го обиколувала трговскиот центар додека децата го гледале филмот сами.

Неколку заробени деца успеале да им се јават на родителите и да ги контактираат пријателите на социјалните мрежи. Едно 13-годишно девојче  на социјалната мрежа “Вконакте” напишало: “Во оган сме. Ова веројатно е моето последно “збогум””. Девојчето се смета за исчезнато.

Точната причина за пожарот не е позната. Според една верзија на настаните, огнот избил во детската игротека, откако некое дете запалило запалка и така предизвикало пожар.

Другата верзија вели дека дошло до краток спој на електричната инсталација во игротеката.

Големиот пожар кој избил вчера бил ставен под контрола по 12 часот. Изгореле речиси 1.600 квадратни метри.

Треба да знаете
Последни објави