Ристевски: Најважно е како ние ќе одиграме, очекуваме победа над Азербејџан

Македонската сениорска фудбалска репрезентација овој мартовски собир ќе го заврши со пријателска средба со Азербејџан која утре се игра во Белек (Турција) на „Мардан арена“.

По ремито со Финска сега се бара победа против Азербејџан, а тоа него кријат нашите репрезентативци. Тоа го истакна и потенцираше двоецот од Палермо, Александар Трајковски и Илија Несторовски, став кој го дели и дефанзивецот на унгарски Васаш, Кире Ристевски.

– Со Финска одигравме како што треба, машки и борбено. Се надевам така ќе биде и со Азербејџан, да ги исполниме барањата на селекторот и дојдеме до посакуваната цел. Ние сме фаворити и очекуваме победа. Азербејџан нема некаков посебен квалитет и најважно е ние како ќе одиграме, – истакна Ристевски.

Треба да знаете
Последни објави