Германските медиуи објавија дека од идната сезона, тренер на лондонски Арсенал ќе биде поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Томас Тухел.
После ваквата информација, се огласи и самиот Арсен Венгер кој што порача дека медиумите го дискриминираат поради годините, но исто така порача дека сите натписи веќе одамна ги игнорира.
„Кога имате малку повеќе години, фокусирани сте на доброто на клубот и игнорирате се што е останато. Што повеќе стареете, толку повеќе и станувате предмет на дискриминација. Ги прифаќам последиците ако резултатите се лоши, но прашањата колку години сум во клубот или колку имам години, не сакам да ги слушнам“, изјави Венгер и додаде:
„Можеби сум малку наивен, но верувам дека ќе добијам огромни аплаузи и овации за се што направив за клубот и тоа ќе биде поважно од резултатите на последните натпревари“, изјави 68-годишниот Венгер.