Апсење на Граничниот премин „Деве Баир“
Денеска во 00.15 часот на Граничен премин „Деве Баир“, за влез во Република Македонија се пријавил 37- годишниот A.А од Република Турција, кој управувал товарно возило „Ивеко“, со полуприколка, со турски национални и регистарски ознаки.
При увид на документите што ги доставил А.А., било утврдено дека меѓународните зелени карти за осигурување од автоодговорност биле фалсификувани, односно дека сериските броеви биле испечатени на принтер.
Лицето било лишено од слобода и е предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.