Кучињата и мачките ја чувствуваат енергијата на нивните сопственици и ако е негативна ја примаат, а ако е позитивна едноставно се среќни.
Луѓето често земаат да чуваат мачка како милениче кога во нивниот живот владее нерамнотежа. За ова животно се зборува дека има речиси волшебна способност да ги тргне лошите вибрации од човекот. Мачките ја враќаат виталноста.
Мачките наводно можат да ја почувствуваат енергијата на нивните сопственици и седат до нив додека таа енергија не премине на нив. Потоа стануваат и си одат.
Мачката заминува за да се ослободи од негативната енергија и да се наполни одново со позитивна. Ќе се врати дури откако ќе се наполни со позитивна енергија.
Кога човек посакува да чува куче, тоа значи дека сака промена во животот. И кучињата исто така ја преземаат негативната енергија од нивните сопственици и ја впиваат како сунѓери. Меѓутоа, кучињата ја собираат и целата лоша енергија со која е опкружен сопственикот, а доаѓа од други луѓе.
За разлика од мачките, кучето нема да си замине за да се ослободи од лошата и да се наполни со позитивна енергија, туку останува до сопственикот. На тој начин негативноста во него се натрупува и ако е опкружувањето лошо може да стане болежливо или депресивно.
Кучињата се иклучително ускладени во енергијата со сопственикот, па ако забележите дека на кучето му е психички или физички лошо, тоа може да е знак дека живеете во опкружување што ве прави несреќни.