Се ближи еден од најголемите христијански празници, Велигден. Само неколку дена пред Велигден,почна потрошувачката еуфорија.
Маркетите уште сега нудат голем број на акции и попусти со цел да привлечат потрошувачи. Велигденските украси веќе се изложени, и уште сега се бара производ повеќе. Велигденската еуфорија се чувствува.
Дали јајцата ќе ја задржат старата цена, јагнешкото месо или пак зеленчукот и овошјето останува да видиме, но ако ја гледаме праксата од минатите години, стандардно неколку дена пред Велигден, цената на овие производи се зголемува.
Праксите од минатите години покажуваат дека месарниците и пазарџите ги држат вообичаените цени се до Велики петок, кога решаваат да ги тестираат паричниците на потрошувачите.
Месарниците и не се толку голем шок, како пазарите, кога цената на производите може да се зголеми и дупло.
Сега покрај купувачите, сметките ќе треба да си ги средат и продавачите, па да решат што е подобро: За време на празници да се однесуваат како Балканци или Европејци.