Сведокот: Поради обвинителството продолжив да контактирам со Заев, повеќе од 3 часа трае распитот
Повеќе од три часа трае сведочењето на бизнисменот Иван Николов кој е клучен сведок во случајот во кој на премиерот Зоран Заев му се суди за поткуп.
Одговарајќи на прашања на адвокатскиот тим на Заев, Николов рече дека иако немал намера да даде пари, ниту ги имал парите кои му ги барал Заев, тој во соработка со обвинителството продолжил да остварува контакт со тогашниот градоначалник на Струмица.
Според сведочењето на Николов, скопското бвинителство сакало доказ, па тој ги продолжил контактите. За тоа зошто случајот го пријавил во Скопје, а не во Струмица, Николов рече дека на денот кога се одлучил да го пријави случајот со Заев, случајно бил дојден во Скопје и потврди дека пари за поткуп не дал.
Зоран Заев е цело време присутен во судницата.