Во Судот денеска ќе се одржи рочиште за издвоена постапка за предметот „Насилство во општина Центар“.
На претходните рочишта, вина за настаните пред општина Центар, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски, кои добија условни казни.
Во овој предмет обвинети се уште 12 лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова. Обвинението се однесува за учествување во насилството потикнато од политичарите.
Обвинителка во овој случај е специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи. Обвинението беше покренато на 15 септември. Политичарите се товарат дека организирале собири поради најавеното оспорување на Детален урбанистички план на Советот на општина Центар. За ВМРО-ДПМНЕ и овој случај е дел од политичката агенда на СЈО и СДСМ.