ЈОРМ ќе поднесе обвинение за настаните во Собранието од 27 април

ЈОРМ ќе поднесе обвинение за настаните во Собранието од 27 април

Јавното обвинителство денеска ќе поднесе обвинените до надлежниот суд за настаните во Собранието на Република Македонија што се случија на 27 април минатата година.

Обвинението за настаните, како што најави државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ќе биде поднесено во текот на денов.

Во врска со завршната истражна постапка за случувањата на 27 април лани во законодавниот дом, Јовески денеска ќе одржи прес-конференција во ЈОРМ.

Јовески во интервју за „360 Степени“ на ТВ Алсат-М го потврди претходно соопштениот писмен став од Јавното обвинителство дека ќе нема преквалификација на делото за ниту еден од осомничените/обвинетите во овој случај. Тоа значи дека сите ќе бидат обвинети за „терористичко загрозување на уставниот поредок“.

Осомничени за настаните од 27 април се 35 лица, меѓу кои пратеници, организатори на протестот и вработени во МВР.

Врховниот суд вчера им ја укина мерката куќен притвор на Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Игор Дурловски и Елена Божиноска. На поранешниот министерот за внатрешни работи Митко Чавков, пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски мерката притвор им е заменета со куќен притвор.

Треба да знаете
Последни објави