ФИФА доби две кандидатури за СП 2026

 Во ФИФА пристигнале две целосни кандидатури за организација на фудбалскиот Мундијал во 2026 година, соопшти Светската куќа на фудбалот.

 

Заедничка организација пријавија САД, Канада и Мексико, а самостоен домаќин сака да биде Мароко.

Домаќинот на СП 2026 ќе биде познат на Конгресот на ФИФА закажан за 13 јуни во Москва, еден ден пред почетокот на СП 2018.

Мароко пријави 12 стадиони на кои би се играле натпреварите од Мундијалот, додека трите држави кои имаат заедничка кандидатура пријавија 23 градови потенцијални домаќини.

Треба да знаете
Последни објави