Зошто се дебелееме кога ќе престанеме со пушење?

Со пушењето се зголемува физичката активност и се намалува внесувањето на храна, а со прекинувањето се добива спротивен ефект. Пушачите, во просек, имаат помалку килограми од непушачите, а влијанието на никотинот врз метаболизмот е комплексно.

 

Претпоставка е дека никотинот го зголемува влијанието на лептин и грелин, што резултира со намалување на апетитот.

Лептинот е полипептид кој се произведува во масното ткиво. Концентрацијата на лептин ја одржува количината на енергија која е складирана во масното ткиво, а нивото на лептин го следи внесувањето на калории и директно е пропорционално со количината на масното ткиво.

Грелин е хормон кој стимулира апетит, а станува збор за полипептид кој се произведува во желудникот. Тој, заедно со рецептор, се наоѓа во целото тело и на тој начин влијае на многу телесни функции.

Дејствувањето на грелинот го потиснува никотинот и го зголемува дејството на лептинот, што за краен резултат има намалување на апетитот, а никотинот пак, влијае на нервниот систем, што за резултат дава зголемено ниво на адреналин и забрзување на метаболизмот.

Со прекинување со пушење се зголемува апетитот и се подобруваат рецепторите за вкус на јазикот, поради што лицето кое прекинало да пуши подобро го чувствува вкусот на храната.

Треба да знаете
Последни објави