Маж пронајден мртов во возило во Скопје
Во 10 часот и 20 минути вчера во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на обиколницата помеѓу селата Орман и Волково, во правец од Скопје кон Тетово, во паркирано возило пронајден бил починат маж.
Полицијата денеска информира дека се работи за 71-годишниот М.М. од Скопје.
Од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството за погреб.