Жените се поиздржливи војници од мажите

Жените војници можат да поднесат потешки вежби од своите машки колеги, покажа ново истражување објавено во Норвешка.

 

Имено, истражувањето во Норвешка покажало дека жените подобро губат маснотии при активности, што може да биде предност при долгорочни вежби или операции, стои во ова истражување.

Со истражувањето, исто така, било заклучено дека жените побргу заздравуваат од повреди.

Истражувањето опфатило 23 мажи и 12 женски војници од Специјалните вооружени сили на Норвешка, кои биле изложени на различни физички напори во една недела од тестирањата, за потоа мажите да загубат 2,7 килограми мускулна маса, додека жените загубиле само маснотии.

Меѓутоа, објавеното истражување не импресионирало некои скептици, меѓу кои е и полковникот Харалд Хоибак, кој претходно изјави дека жените во вооружените сили ги слабеат борбените способности на Норвешка, па ги отфрли резултатите од истражувањето.

Тој се запраша “која е важноста на брзото оздравување на жените, ако тие имаат значително помалку способности и капацитети“.

Како што пренесуваат од Норвешка, бројот на жени кои служат во норвешката војска постојано се зголемува, после воведувањето на задолжителни служби за жени во 2015 година.

Треба да знаете
Последни објави