-
24 ИНФО МК разговараше со директорот на ГТЦ Скопје Ѓоко Трајчевски: ГТЦ треба и мора даостане тоа што е, во што е единствен барем на овие наши простори – отворен трговскицентар со сите предности и недостатоци што тоа ги носи со себе.24ИНФО МК:За овој краток период додека сте директор на ГТЦ,со што се соочувате,како го затекнавте овајавно претпријатие?Повеќето институции во државава се од претходната гарнитура оставени во лоша состојба.Исклучок не е ниту Градски трговски центар, кој по моето доаѓање на неговото чело го затекнавсо комплетно празна каса и во доста лоша техничка состојба. Тоа подразбира дека добар делод системите за ладење и греење беа во неисправна состојба, ескалаторите исто така, кровотпротекуваше на многу места, тоалетите во катастрофална состојба и слично. Вие добро знаетедека ГТЦ како давател на услуги на корисниците на деловни простори е должен истите да гидава во континуитет а тоа пак подразбира горе споменатите системи, меѓудругото да бидат воисправна состојба. Се уште работиме на отклонување на сите недостатоци, што бара големисредства пред се, но веќе може да се пофалиме дека системите за греење и ладење,ескалаторите, лифтовите и сл. се поправени и функционираат беспрекорно. Тие средства, акосе работело домаќински во минатото, сега немаше да бидат утрошени на санирање, поправкаи враќање во живот на елементарните работи, туку ќе се инвестираа во функционално иестетско прилагодување на ГТЦ кон новото време и новите потреби на граѓаните. Друг големпроблем претставуваше и лошо поставена организационо-кадровска и логистичка структура восекторите при управата на ГТЦ…едноставно, претходната управа по се што видов до сега какода немала намера на овој сериозен објект во срцето на нашиот град, да му го обезбеди местокое му припаѓа а тоа е да биде гордост на секој жител на Скопје и место на кое секогаш сорадост ќе доаѓаат а токму тоа е нашата сегашна мисија.24 ИНФО МК: Имате ли сознанија од кои размери бил криминалот во изминативе години, иколкава е финансиската загуба на ГТЦ до сега, од лошото менаџирање?На тоа прашање одговор ќе дадат соодветните институции, впрочем веќе со месеци наназад севрши ревизорската инспекција врз работењето на ГТЦ во минатаото, така што јас во овојмомент не би шпекулирал околу типот и обемот на евентулните криминлнидејствија…единствено, како што веќе спомнав во одговорот на првото прашање, можам даконстатирам она што јас го затекнав а што е видливо за сите и околу што нема дискусија а тоа емногу лоша финансиска и техничка состојба во претпријатието, која со вложувањето на големинапори и средства, полека но сигурно од ден на ден станува се подобра.24 ИНФО МК: Со кои активности планирате да го вратите стариот сјај на ГТЦ, имајќи ги вопредвид новите модерни центри кои се изградија изминативе години?Јас не би повлекувал конкретна паралела помеѓу ГТЦ и новите шопинг молови кои ги имаме кајнас но и пошироко. Имено, Градски трговски центар од секогаш бил а ние планираме тоа и даостане, еден и единствен, уникатен или што на англиски би се рекло, ,,one of a king”. Постоешеидејата тој да се затвори…некои и денес ја застапуваат, но по многу разговори со архитекти,
-
нашите сограѓани, луѓе од различни профили а пред се земајќи ја предвид и техничкатаизводливост на такво нешто, ГТЦ треба и мора да остане тоа што е, во што е единствен баремна овие наши простори – отворен трговски центар со сите предности и недостатоци што тоа гиноси со себе. Лично сметам дека предностите се далеку побројни а ние имаме визија како воиднина да ги потенцираме. Една од идеите, која се наоѓа во почетна фаза е и изградба назелена градина на кровот на ГТЦ со сите пратечки содржини како што се кафетерии и сл.Имаме намера да внесеме и некои содржини за спортски активности, па во таа насока вомоментов се спроведува реновирање и ревитализација на Кугланата Мусандра, но нема да сезастане само на тоа…ќе има и други спортски содржини. Планираме изградба на модернаконференцијска сала која ќе им биде на располагање на сите правни и физички лица заорганизирање разни обуки, семинари и работилници, игротеки во кои децата би биле подпостојан надзор на квалификувани лица додека нивните родители се во шопинг и сл. Вомоментот се врши комплетно реновирање на двата јавни тоалета во сутеренскиот дел коинаместо досегашниот срам, во иднина ќе претставуваат гордост на ГТЦ. Се врши поправка наискршените подови, варосување на фасади како и врќањето на оригиналната плава боја настолбовите во трговскиот центар кои од непознати причини беа офарбани во непријатна сива,како да се работи за фабричка хала а не за шопинг мол во срцето на градот. Од маркетиншкиотаспект гледано, ГТЦ за прв пат се здоби со својата ВЕБ страна како и Фејсбук фан страна, прекукои постојано комуницираме со граѓаните ,,мерејќи го нивниот пулс“ и прилагодувајѓи се коннивните потреби. Би сакал посебно да ја потенцирам воспоставената добра комуникација идиректна соработка со стопанствениците и корисниците на деловни простори, која ни помагапобргу и поефикасно да ги лоцираме и решаваме проблемите кои не оптоваруваат…во таанасока, формирана е и вибер група преку која корисниците на деловните простори воочениотпроблем од хигиенски, безбедносен или технички аспект, веднаш го постираат со слика и збордиректно до надлежните служби. Јасна е предноста на ваквиот систем, нема губење на времево закажување на средба со одговорното лице во овој или оној сектор – пријавување напроблемот е инстантно како и неговото решавање, во мерка во која тоа го овозможувааттехничките околности во дадениот момент. Во моментот, во соработка со Град Скопје и ЈПУлици и патишта, се реконструира и автобуската сообраќајница а како што веќе знаете од преднекое време, ја активиравме повторно линијата бр 50 на градскиот превоз да проаѓа низ ГТЦсо што ќе го заживееме сутеренскиот дел, за што веќе имаме позитивен фидбек од страна надуќанџиите а се бележи и интерес за изнајмување на деловни простори во тој дел од центароткој со години стојеа неиздадени. Со обезбедување пред се на техничките и естетскипредуслови на кои активно се работи, планираме уз соодветна маркетиншка подршка дадоведеме во ГТЦ и некои од познатите светски брендови… со еден збор, не очекува многуработа но исто така и многу задоволство кога ќе ги постигнеме посакуваните ефекти.24 ИНФО МК: На кој начин планирате да направите рационализација на трошоците имајќиво предвид дека моменталните технички недостатоци и одржување продуцираат високитрошоци?Нашите главни трошоци по основ на одржувањето се трошоците за греење и ладење и заелектричната енергија. Со оглед дека ГТЦ е поврзан на системот на градските топлани односногреењето го обезбедуваат тие, не сме во можност да сториме нешто позначајно во делот натрошоците кои се однесуваат на тоа. Но, кога станува збор за електричната енергија, тука сеобидуваме со воведување на лед расвета и со одредени мерки на рационализација на
-
севкупната потрошувачка, да го намалиме импактот на оваа ставка врз вкупните трошоци, штовоопшто не е занемарливо така што во блиската иднина, кога ќе се заокружи проектот зарасвета, може да се очекува и значително намалување на тој вид на трошоци. Сепак ГТЦ еголем систем и голем потрошувач така што тие трошоци секако ќе бидат големи и во иднина,но наше е да ги рационализираме колку што е можно а на тоа работиме и тоа ќе го сториме.24 ИНФО МК: Покрај опертативните недостатоци во ГТЦ, недостасуваше и визија за рзвој наодржување на брендот создаван со децении наназад, имате ли идеја како ќе ги вратитекупувачите повторно во ГТЦ?Мислам дека во еден од претходните одговори во голем дел го елабориравме ова прашање ноќе повторам уште еднаш… За жал во моментот трошиме многу пари и енергија на санирање наелементаринте функции кои со години беа запоставувани. Веќе сме при самиот крај на тојпроцес и веднаш потоа ќе старуваме со, ајде така да се изразам, следното ниво наунапредување кое ќе биде за разлика од претходното повидливо и поконкретно. Целиот пакетна предвидените промени во вид на веќе споменатите улагања во различни содржинипропратен со соодветна маркетиншка подршка, ќе овозможат доаѓање на нови брендови какои естетско разубавување на самиот Градски трговски центар, што мислам ќе биде доволенпредизвик за секој купувач, во својата листа на незаобиколни локации за шопинг, да го стави иГТЦ.