Му тропнале на врата, но не очекувал дека кога ќе ја отвори ќе доживее пекол – драма во Скопје
Скопјанец доживеа вистински пекол во својот дом. Според информациите на полицијата, утринава околу 01,30 часот во Секторот за внатрешни Скопје било пријавено дека на улицата „Че Гевара” две непознати лица дошле до куќата на Е.Ѓ.(52), тропале на вратата, и кога Е.Ѓ. ја отворил тие влегле внатре при што едниот физички го нападнал, додека другиот од паричникот му одзел 650 евра. Откако ги одзеле парите, лицата ја напуштиле куќата и заминале во непознат правец.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.