Затвореник во самица намерно запалил ќебиња и јоргани
Дваесетгодишен кумановец кој издржувал затворска казна во затворот во Охрид запалил ќебиња и јоргани, информираа од МВР.
Според полицијата, на 12.03.2018 година во Казнено поправната установа “Затвор Охрид“, во просторијата во која пријавениот издржувал мерка самица, истиот најверојатно со цигара намерно запалил ќебиња и јоргани.
Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната противпожарна единица.