Судот ги врати во шутка Чавков и четворица кои беа пуштени

Судот ги врати во шутка Чавков и четворица кои беа пуштени

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, поранешниот началник во МВР, Душко Лазаров, поранешниот вработен во собраниското обезбедување Горан Ѓошевски, како и Митко Пешов и Оливер Поповски повторно се вратени во притвор во Истражниот затвор во Шутка. Од МВР за сега официјално потврдуваат дека постапувајќи по решение на Основниот суд Скопје 1 пет лица се пренесени во Истражниот затвор Скопје. За ваквиот потег се чекаат официјални информации од Основниот суд Скопје 1 . 

Врховниот суд и на дел од обвинетите за настаните од 27 април мерката притвор им ја замени со мерка куќен притвор. На вчерашната прес-конференција Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека е поднесено обвинение и дека со него е побарана мерка притвор за дел од обвинетите. 

Од Основниот суд се чека офоцијална информација дали враќањето во Истражниот затвор во Шутка на петмината обвинети е откако судот го прифатил предлогот на обвинителството и одлучил повторно да им биде определена мерка притвор. 

Треба да знаете
Последни објави