Полицијата во домот на штипски дилери пронашла разни видови на дрога, информираше МВР.
Според полицијата, вчера по претходно добиени оперативни сознанија дека Д.П.(29) и П.Ч.(33) поседуваат наркотична дрога марихуана и по обезбедена наредба од Основен суд бил извршен претрес во нивните домови.
При тоа биле пронајдени марихуана спакувана во четири најлонски кеси, со вкупна тежина од околу 350 грама, како и четири паковки амфетамин, една вага и една дробилка.
Двајцата штипјани се уапсени и приведени во Полициска станица Штип. Се работи на целосно комплетирање и документирање на настанот по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.