СДММ: Која била улогата на Мицкоски за време на крвавиот четврток?

СДММ: Која била улогата на Мицкоски за време на крвавиот четврток?

Пред вратите на Собранието, на 27-ми април, бил и Христијан Мицковски, актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. На фотографиите јасно се гледа дека Мицкоски ја минал заштитната ограда и се наоѓа непосредно пред влезната врата на Собранието. Мицковски бил во толпата на денот кога беа нападнати пратеници, новинари и вработени, кога беа загрозени нивните животи и уставниот поредок на Република Македонија, изјави денеска Михаела Иванова, СДММ.

Подмладокот на СДСМ прашува која била улогата на Мицкоски за време на крвавиот четврток и дали Мицкоски координирал некои од лицата кои влегоа во Собранието?

„Дали Мицкоски вака ги сфаќа демократијата и владеењето на правото? Дали е ова новата визија или стариот начин на дејствување на ВМРО-ДПМНЕ? Мицкоски е должен да одговори на овие прашања пред јавноста. Граѓаните мора да ја дознаат неговата улога во најтрагичниот настан во поновата историјата на демократијата во Македонија“, изјави Иванова.

 

Треба да знаете
Последни објави