Кинезите го продаваат Интер

Милано, 29 март 2018. Кинеските сопственици на еден од најголемите италијански фудбалски клубови, решија да го продадат Интер, објавија медиумите на Апенинскиот Полуостров.

 

Сумата која ја бара кинескиот трговски гигант Сунинг е 600 милиони евра, но засега нема заинтересирана страна која би издвоила толку пари за „нероазурите“.

Барањата за финансиски фер-плеј и не-учеството на Интер на европските турнири оваа сезона ги заострија односите меѓу клубот и луѓето од Сунинг.

Друг доказ дека нешто се случува со Интер е оставката на техничкиот директор Валтер Сабатини, кој првенствено беше вклучен во трансферите на клубот. Неколку часа порано, Фабио Капело го напушти Џијанг Сунинг, другиот клуб во сопственост на кинескиот конгломерат.

Се шпекулира дека Сунинг ќе се откаже од Интер и средствата ќе ги пренасочи во друга насока. Кинеската компанија купи 68,55% од акциите на “нероазурите” во 2016 година, а останатите останаа во сопственост на Ерик Тохир кој ја задржа претседателската функција, но реално не учествува во донесувањето одлуки

Треба да знаете
Последни објави