Убиството на Еврејката ја обедини Франција: Илјадници протестираат поради смртта на Мириел Кнол

Повеќе илјади луѓе, меѓу кои и бројни политичари и претставници на цивилни друштва, се присуствуваа во текот на вчерашниот ден на собири против антисемитизмот и го осудија убиството на Еврејката во Париз.

Францускиот претседател Емануел Макрон присуствуваше на погребот на 85-годишната Мириел Кнол која што беше убиена минатата среда. Таа била 11 пати избодена со нож, а потоа и запалена во нејзиниот стан.

Макрон изјави дека Кнол „била убиена затоа што е Еврејка“ и дека била жртва на истиот „варваризам“ како и полковикот Арно Белтрам, полицаецот кој што минатиот петок беше убиен од џихадист на југозападот на Франција. За убиството на Мириел Кнол засега се обвинети двајца, од кои едниот ѝ бил сосед.

Покрај во главниот град на Франција – Париз, собири беа одржани и во Марсеј, Стразбур, Лион, Нант и Бордо.

 

Мириел Кнол е позната по тоа што во 1942-ра година успеала да го избегне најголемото апсење на Евреите во Франција за време на Втората светска војна во Париз.

Собирот во францускиот главен град го организираше Советот на претставници на еврејските институции во Франција. На собирот, покрај останатите, присутвуваше и министерот за внатрешни работи Жерар Коломб, министерот за образование Жан-Мишел Бланке, градоначалничката на Париз, Ан Идалго и бројни француски пратеници.

За време на собирот се случил мал инцидент откако се појавиле и лидерот на левичарската „Непокорена Франција“ – Жан-Лик Меланшон и претседателката на десничарскиот „Национален Фронт“, Марин Ле Пен. Поголем дел од граѓаните негодувале на нивното присуство, по што тие си заминале.

Граѓаните ја пречекале Марин Ле Пен со извикувања „Нацист, нацист“, иако таа ги прекинала своите врски со нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен кој што е основач на партијата „Национален Фронт“, но и осудуван за антисемитизам и расизам.

Треба да знаете
Последни објави